среда, 11 јуни 2025

Либан и Палестина во соопштение: Не треба да има оружје во бегалските кампови

Либанските и палестинските лидери денес се согласија дека повеќе не треба да има оружје во палестинските бегалски кампови кои се надвор од контрола на либанската држава.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека оружје треба да поседува само либанската држава“, се вели во заедничката изјава на либанскиот претседател Џозеф Аун и неговиот палестински колега Махмуд Абас.

Абас е претседател на Палестинската самоуправа, која управува со Западниот Брег, и лидер на партијата Фатах. Сепак, тој не ги претставува сите палестински фракции во Либан. Поголемите милитантни групи како што се Хамас, Исламски џихад и разни левичарски или независни фракции одржуваат политичка и воена автономија во камповите и честопати имаат различни позиции од Палестинската самоуправа.

Палестински извор изјави дека разговорите ќе се фокусираат на проширување на либанската државна власт во дванаесет палестински бегалски кампови на југ, север и во главниот град, вклучително и отстранување на средно и тешко оружје.

Според сегашните договори, либанската армија се наоѓа на контролни пунктови на влезовите во камповите, а внатрешната безбедност останува во рацете на палестинските фракции, вклучувајќи го и Хамас. За време на конфликтот меѓу Хезболах и Израел во јужен Либан, борците на Хамас со седиште во Либан лансираа ракети кон северен Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ