понеделник, 2 март 2026

Либан: Ги забранивме воените активности на Хезболах по нападот врз Израел

Либанската влада денес ги забрани воените активности на Хезболах откако таа исламистичка организација отвори оган врз Израел за да го одмазди убиството на иранскиот врховен лидер, потег што веројатно ќе ги засили тензиите со групата поддржана од Техеран, во момент кога земјата се соочува со нова израелска офанзива.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел денес врши големи воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз пошироки области на Либан, како одговор на нападот со дрон и ракети од Хезболах, во кој, според либанското Министерство за здравство, загинаа 31 лице.

Соединетите Американски Држави и Израел во саботата го нападнаа Иран, поттикнувајќи возвратни напади на Техеран низ поширокиот регион. Хезболах, кој во 1982 година беше основан од Иранската револуционерна гарда, тврди дека нивниот напад е одмазда за „чистата крв“ на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи, убиен во саботното бомбардирање. Хезболах смета дека Израел е одговорен за ескалацијата на настаните.

По состанокот на либанската влада, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени акции започнати од либанска територија „надвор од рамките на нејзините легитимни институции“. Затоа „мора итно да се забранат сите безбедносни и воени активности на Хезболах бидејќи се надвор од законот, а истовремено таа исламистичка организација е должна да ѝ го предаде оружјето на либанската држава“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ