недела, 14 декември 2025

Лепен објави дека има „зрак надеж“ дека ќе може да се кандидира на претседателските избори

Лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир Марин Лепен денес изјави дека постои зрак надеж дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лепен беше осудена во март оваа година на петгодишна забрана за кандидирање на јавни функции поради обвинувања дека асистентите на европратениците од нејзината партија Национален собир биле нелегално платени пари од буџетот на Европскиот парламент, што претставува злоупотреба на средства.

Таа кажа дека има „мала надеж“ дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2027 година, додека над главата и понатаму ѝ виси „Дамоклов меч“ поради правните проблеми.

Откако беше осудена на петгодишна забрана за кандидирање на јавни функции во прв степен, Марин Лепен ќе мора да се појави пред Апелацискиот суд во Париз на судење закажано за 13 јануари до 12 февруари 2026 година.

Партијата Национален собир остро го критикуваше времето на судењето, стравувајќи дека тоа ќе ја наруши кампањата за локалните избори кои треба да се одржат во март.

„Откако се обидоа сериозно да ги нарушат претседателските избори, сега се обидуваат сериозно да ги нарушат и локалните избори. Мислам дека мешањето на судските власти почнува да биде проблематично“, кажа пратеничката на партијата од северна Франција.

Лепен порача дека ќе се појави на суд и ќе се брани од својата невиност.

„Ќе му објаснам на судот, надевајќи се дека нема да формираат мислење пред да имам можност да зборувам, за што станува збор“, кажа Лепен.

Парискиот суд ја осуди Марин Лепен на четири години затвор, од кои две се условни, парична казна од 100.000 евра и петгодишна забрана за кандидирање за јавни функции.

Заедно со 24 поранешни европратеници, помошници, сметководители, таа и нејзината крајно десничарска партија како правно лице беа осудени за поставување „систем“ помеѓу 2004 и 2016 година преку кој вработените во партијата наводно биле плаќани од буџетот на Европскиот парламент, со што, според администрацијата на Брисел, го оштетиле буџетот за вкупно 3,2 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ