понеделник, 7 април 2025

Лепен: Европа ѝ даваше лекции на Русија за демократијата, ни се вратија како бумеранг

Русија ѝ ги врати лекциите за демократија на Европа како бумеранг, изјави лидерката на француската десничарска партија Национален собир Марин Лепен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ставете се на местото на Кремљ, на кој му се држат лекции за демократија наутро, на пладне и навечер. Сега велат: „Ќе им ја вратиме оваа лекција како бумеранг“. За Кремљ тоа е очигледно начин да го доведе (францускиот претседател Емануел) Макрон во отежната позиција. На истиот начин, ако утре ѝ даваме лекции на Турција, која го затвори главниот противник на (турскиот претседател Реџеп Таип) Ердоган, тие ќе не гледаат со потсмев, како и многу други земји, што е страшно“, изјави Лепен.

„Франција треба да ја игра својата улога во светот. Кога ќе се дискредитира до таа мера што на лидерот на опозицијата, фаворитот во анкетите, не му е дозволено да се кандидира, целито свет се прашува што се случува во Франција“, додаде таа.

Таа истакна дека планира да се обрати до Уставниот суд и Европскиот суд за човекови права за да ја оспори пресудата за забрана да учествува на избори.

„Се над3ваме дека овие иницијативи кои ги почнуваме ќе ни дадат прилика во нормални услови да ги одржиме претседателските избори“, додаде Лепен.

„Мислам дека во политиката никогаш не треба да се каже никогаш. Но да, мислам дека нивниот збор ќе биде последен. Освен ако не бидам избрана“, кажа таа за Паризиен на прашањето дали намерава да се кандидира за претседател по 2027 година.

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир Марин Лепен е осудена на затворска и парична казна и е елиминирана од политичката сцена на пет години поради злоупотреба на средства во Европскиот парламент.

Лепен по пресудата порача дека нема да дозволи на овој начин да ја елиминираат и дека е „неосновано осуден фаворитот на претседателските избори“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи ја пресудата на Лепен, изјави дека сè повеќе европски престолнини почнуваат да ги газат демократските норми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ