недела, 7 декември 2025

Лекари без граници: Здравјето на 1,5 милиони луѓе во јужна Газа е сериозно загрозено

Повеќе од еден милион луѓе сè уште се принудени да живеат на мало парче земја, нивното здравје е сериозно загрозено од лошите услови за живот во јужна Газа, соопштија Лекари без граници.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата во соопштението наведува дека раселувањето, заедно со масовното уништување на цивилната инфраструктура и здравствениот систем од страна на израелските сили, создава совршени услови за ширење на болести во областа, пренесува денес Ал џезира.

“Израелските власти треба веднаш да дозволат масовен проток на зголемена хуманитарна помош во Газа”, се наведува во соопштението.

Лекари без граници соопштија дека „двегодишната геноцидна кампања“ на Израел ги оставила луѓето во Газа „трауматизирани, повредени и опасно изложени“ на разни опасности како што се приближува зимата.

„Без итни подобрувања во врска со водата, хигиената, засолнувањето и исхраната, повеќе луѓе ќе умрат од причини што целосно можат да се спречат“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ