„Овој план е начин за инструментализирање на помошта, претворајќи ја во алатка за воените цели на израелските сили“, рече Паскал Козар, координатор на Лекари без граници во Кан Јунис во Појасот Газа.
Лекари без граници оценија дека сегашната дозвола за 100 камиони со помош дневно е „апсолутно смешна“ во време кога ситуацијата е критична.
Дозволената помош е „само димна завеса“, како што истакнува невладината организација, додека опсадата на палестинската територија продолжува.
Најголемиот дел од населението на Газа, повеќе од два милиони луѓе, е речиси целосно зависно од помошта што пристигнува на палестинската територија уништена од интензивните бомбардирања и воени операции од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Лекари без граници соопштија дека најмалку 20 медицински установи во Газа биле оштетени и делумно или целосно онеспособени од израелските копнени операции, воздушните напади и наредби за евакуација во текот на изминатата недела.