Италијанската премиерка Џорџа Мелони во вторникот кажа дека папата Лео Четиринаесетти, во телефонски разговор со неа, ја потврдил спремноста да биде домаќин на преговорите. Кабинетот за медиуми на Ватикан одби дополнително да коментира.
Папата Лео, првиот поглавар на Римокатоличката црква роден во Соединетите Американски Држави, набрзо по својот избор овој месец кажа дека Ватикан би можел да биде посредник во светските конфликти, но не ги именуваше Русија и Украина.
Лавров во Москва денес ја отфрли идејата Ватикан да биде идна локација на преговорите, а Кремљ кажа дека сè уште не е договорено каде ќе се одржи следниот круг на преговорите. „Многу луѓе мечтаат за тоа кога и каде ќе се одржи (средбата). Во моментов немаме никакви идеи (за тоа)“, кажа Лавров.
„Но, замислете го Ватикан како локација на преговорите. Би било малку непримерно две православни земји да користат католичка платформа за расправа за отстранување на основните причини (за конфликтот.
Мислам дека не би било многу пријатно за самиот Ватикан да им биде домаќин на делегациите на две православни земји во овие околности“, додаде шефот на руската дипломатија.
Руските и украинските преговарачи претходно месецов во Истанбул ги одржаа првите директни преговори по повеќе од три години.