вторник, 8 јули 2025

Лавров за Србија: Се надеваме дека Западот нема да се впушти во обоена револуција

Русија очекува ситуацијата со протестите во Србија да се реши врз основа на уставот и законите и се надева дека западните земји „нема да се впуштат во нивните обоени револуции“, изјави денес во Киргистан рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прес конференцијата по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на воениот сојуз на ОДКБ, Лавров кажа и дека Москва „забележува подготвеност на српското раководство за дијалог со демонстрантите“, пренесува РИА Новости.

„Како по правило, западните земји се обидуваат да ги искористат одредени внатрешни настани во различни земји со цел да ги унапредат своите интереси на штета на интересите на другите партнери на дотичната земја. Се надеваме дека западните земји овој пат нема да се впуштат во нивните обоени револуции“, порача Лавров.

Тој, исто така, го коментираше договорот од минатата недела на членките на НАТО за зголемување на средствата за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ, оценувајќи дека тоа ќе има сериозни последици за западниот воен сојуз.

„Катастрофално, според моето мислење, зголемувањето на (воениот) буџет на земјите од НАТО ќе доведе до колапс на таа организација“, оцени Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ