петок, 13 март 2026

Лавров: Украинците ја нападнаа резиденцијата на Путин

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина во текот на ноќта извршила напад со беспилотни летала врз државната резиденција на рускиот претседател Владимир Путин во Новгородската област, објави руската новинска агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров изјави дека Русија ќе ја ревидира својата преговарачка позиција за да го земе предвид, како што изјави, „конечниот премин на киевскиот режим кон политика на државен тероризам“, пренесува ТАСС.

Шефот на руската дипломатија изјави дека целите и времето на руската одмазда се веќе утврдени, но нагласи дека Москва нема намера да се откаже од учеството во преговарачкиот процес поврзан со мировниот план.

Лавров потврди и дека во моментов нема информации за жртви или материјална штета предизвикана од наводниот напад врз резиденцијата на Путин, објави агенцијата ТАСС. Украина сè уште не ги коментирала овие тврдења на шефот на руската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ