недела, 14 декември 2025

Лавров: Средба Путин-Зеленски не е планирана

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „нема планирана средба“ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Нема планирана средба… Путин е подготвен да се сретне со Зеленски кога ќе биде подготвена агендата за тој самит. А таа агенда апсолутно не е подготвена“, изјави Лавров во интервју за американската телевизија Ен-би-си, објавено денеска.

Дипломатот, покрај тоа, зборувајќи за резултатите од самитот Русија-САД во Алјаска и решавањето на украинскиот конфликт, истакна дека Русија се согласила да покаже флексибилност за голем број прашања што ги покрена американскиот претседател Доналд Трамп.

„Претседателот Трамп предложи неколку точки по Енкориџ, за кои делиме исто мислење, а за некои од нив се согласивме да покажеме одредена флексибилност“, рече Лавров.

Средбата меѓу претседателите на Русија и САД се одржа во Алјаска на 15 август. Потоа, Трамп во Белата куќа оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и високи претставници на европските земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ