вторник, 12 август 2025

Лавров се сретна со Си во Пекинг: Разговараа и за Украина и за САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Билатералната средба се одржа пред учеството на Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Шангајската организација за соработка денес во Тјанџин.

Целта на организацијата е да дејствува како противтежа на западните организации и да ја зајакне соработката по политички, безбедносни и трговски прашања.

На средбата меѓу Лавров и Си беше разговарано и за подготовките за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина, по повод следниот самит на Шангајската организација за соработка, соопшти Москва.

Лавров и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во неделата разговараа за украинското прашање и „односите со Соединетите Американски Држави“.

Кина, дипломатски и економски сојузник на Русија, никогаш не го осуди рускиот напад врз Украина, ниту повика на повлекување на руските трупи.

Сепак, Пекинг редовно повикува на прекин на огнот и ги обвинува западните земји за поттикнување на конфликтот со вооружување на украинската армија.

Шангајската организација за соработка обединува 10 земји, меѓу кои Кина, Русија, Иран, Индија и Пакистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ