„Во врска со наредбата на претседателот Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност одржан на 5 ноември, можам да кажам дека е прифатена, подготвена е за спроведување и се работи на неа. Јавноста ќе биде информирана за резултатите“, кажа Лавров, а пренесува ТАСС.
Наредбата е одговор на ненадејната минатонеделна објава на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД имаат намера да продолжат со нуклеарните тестирања.
ТАСС пишува и дека Лавров рекол дека Русија не добила никакво појаснување од САД во врска со наредбата на Трамп.
Односите меѓу Русија и САД нагло се влошија во последните недели, бидејќи Трамп, фрустриран од немањето напредок во напорите за завршување на војната во Украина, го откажа планираниот самит со Путин и воведе санкции врз Русија за прв пат откако се врати во Белата куќа во јануари.






