недела, 14 декември 2025

Лавров пристигнува во Њујорк, ќе се сретне со Рубио

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот американски колега Марко Рубио ќе се сретнат и ќе разговараат следната недела на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, објави денес рускиот амбасадор во ОН.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јасно е дека ќе разговараат за широк спектар на прашања, и билатерални и мултилатерални“, изјави Василиј Небензја, а пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

„Нема конкретна агенда, но планирана е средба“, додаде тој.

Средбата меѓу двајцата високи функционери ќе се одржи откако американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела изрази „разочарување“ од својот руски колега Владимир Путин околу решавањето на конфликтот во Украина, каде што Русија води војна од 2022 година.

Трамп, кој успеа да се доближи многу до Владимир Путин во својот втор мандат во Белата куќа, кажа и дека е подготвен да воведе нови санкции против Русија, но под услов Европејците да престанат да купуваат руска нафта, чија продажба е еден од главните извори на финансирање на руската воена машинерија против Украина.

Пред еден месец, американскиот претседател го пречека Владимир Путин на Алјаска на првата ваква средба на западен лидер со Путин од почетокот на конфликтот во Украина, но нивната средба не резултираше со никаков напредок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ