„Нашите контакти за прашањето на Украина продолжуваат неформално и доверливо, но долго време не гледаме никакви перспективи за продолжување на дијалогот. Нашите американски колеги, кои доброволно се пријавија да бидат медијатори, сега се зафатени со други прашања“, им изјави Лавров на новинарите.
Тој објасни дека САД имаат иста група медијатори во сите области на надворешната политика, поради што има одредена пауза во мировните преговори за решавање на конфликтот во Украина.
„Во меѓувреме, продолжуваме да работиме на задачите поставени од претседателот, обезбедувајќи дипломатска поддршка на Специјалната воена операција“, додаде Лавров.
Лавров претходно истакна дека Русија не е склона да ја открива содржината на состаноците кои ги одржува во дипломатски рамки, особено за толку сериозно прашање како што е решавањето на конфликтот.






