петок, 13 јуни 2025

Лавров и Рубио разговараа телефонски

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше телефонски со американскиот државен секретар Марко Рубио за резултатите од разговорите меѓу Москва и Киев во Истанбул, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Лавров ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со соработката со САД за украинското решение.

Шефот на руското Министерство за надворешни работи ја истакна позитивната улога на САД, што придонесе Киев да го прифати предлогот за продолжување на преговорите во Истанбул.

Соговорниците разменија мислења за продолжување на контактите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави.

Рубио ја нагласи подготвеноста на Вашингтон да продолжи да помага во наоѓањето начин за решавање на украинскиот конфликт.

Американскиот државен секретар ги поздрави договорите за билатерална размена на воени заробеници и за подготовка на условите потребни за постигнување прекин на огнот од страна на Москва и Киев.

Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин предложи Украина да ги продолжи директните преговори без предуслови. Тој нагласи дека не ја исклучува можноста за постигнување вистински прекин на огнот што Киев ќе го почитува.

Разговорите одржани во петокот траеја речиси два часа. Помошникот на рускиот претседател Владимир Медински, кој ја предводеше руската делегација, најави голема размена на затвореници со Украина, 1.000 украински за 1.000 руски војници.

Според него, Москва и Киев се согласиле да ја претстават својата визија за можностите за идно примирје. Украинската страна за време на преговорите побарала средба на шефовите на држави, а Москва тоа го земала во предвид.

Медински, исто така, ја истакна подготвеноста на Русија да ги продолжи преговорите со Украина.

Министерството соопшти дека за време на разговорот меѓу Лавров и Рубио биле разгледани и неколку други меѓународни и регионални прашања, вклучително и можноста за понатамошни руско-американски контакти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ