Тој додаде дека постои уште еден пример за земја која се нарекувала „велика“ – „Великата Социјалистичка Народна Либиска Арапска Џамахирија“, а ја предводеше Моамер ал Гадафи, но дека „таа веќе не постои“. Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска обично на руски се нарекува „Великобританија“ или Велика Британија.
Лавров во својот говор го цитираше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Тој ја спомна неговата изјава во која го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не ги става своите интереси над интересите на жителите на Гренланд.
„Господинот Милановиќ кажа дека само народот на Гренланд може да одлучи за судбината на Гренланд. Ако наместо Гренланд го ставите Крим во реченицата, сè ќе стане појасно“, кажа шефот на руската дипломатија.
Додека Соединетите Американски Држави предводени од Доналд Трамп се стремат да ги обноват врските со Москва и да посредуваат во мирот меѓу Русија и Украина, на Велика Британија ѝ е доделен статус на јавен непријател број еден за Русија.
Руската државна телевизија често го користи терминот „Перфиден Албион“, а Британија е прикажана како интригантна глобална разузнавачка сила која се меша зад сцената во сè, од Вашингтон до Иран, во дволичен обид да ги поткопа руските интереси низ целиот свет.
Тоа навредливо име за Велика Британија потекнува од Франција во 18 век, а било популаризирано од германската пропаганда за време на Првата светска војна за да се истакне наводната дволичност и непријателство на Велика Британија.






