понеделник, 8 декември 2025

Лавров ги спореди Косово и Украина: Пример за западните „правила“ на дело

Она што Западот се обиде да го направи со „поништувањето“ на рускиот народ во Украина по државниот удар во 2014 година е исто како и одземањето на Косово и Метохија од Србија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за весникот Комерсант Лавров се осврна на самитот на претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави на Алјаска, на кој Доналд Трамп и Владимир Путин разговараа за основните причини за руско-украинскиот конфликт.

„Знаете, тие сакаа да го одземат Косово од Србите. И тоа го направија со спроведување на државниот удар во 2008 година, бидејќи едностраното признавање на независноста на Косово грубо ги прекрши сите одредби од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, која ги дефинираше параметрите на српската државност, вклучително и Косово“, кажа Лавров.

„Со тоа што го „признаа Косово“, тие извршија државен удар, им ги одзедоа на Србите нивните историски земји, кои се поврзани со раѓањето на православната религија на целиот српски народ и многу повеќе“, додаде тој.

Истото се случи и по државниот удар во Украина во февруари 2014 година, кога владата донесена на власт од САД одлучи да му ја одземе татковината на рускиот народ, додаде Лавров.

„Потоа тие одлучија да ја одземат историјата на народите на Крим, Донбас и Новорусија“, објасни Лавров, потсетувајќи дека режимот во Киев жителите на тие региони ги прогласил за „помалку вредни“.

Русија останува посветена на принципите на Повелбата на ОН, истакна Лавров, а сите иницијативи за реформа на ОН се однесуваат на порамноправна застапеност на остатокот од светот во Советот за безбедност.

Самите принципи се фер, но Западот ги применува на неправеден начин, оцени Лавров, повторно потсетувајќи на Косово и Метохија.

„Кога на Западот му беше потребно, тие го „признаа Косово“. Тоа наводно претставуваше право на самоопределување. Но, никој не одржа референдум за самоопределување таму. А потоа, неколку години подоцна, се одржа референдум на Крим. И не, рекоа тие, ние (Русија) го прекршивме територијалниот интегритет (на Украина). Но, што е со правото на самоопределување? Како што велат тие, тоа е друго. Тоа се двојни стандарди, жонглирање со принципите“, кажа шефот на руската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ