среда, 13 август 2025

Лавров ги објави руските услови за мир

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го изложи списокот на барања на Москва за мировен договор за ставање крај на руската инвазија на Украина. Тој бара Украина да стане неутрална и демилитаризирана, меѓународно да ги признае териториите окупирани од Русија и да бидат укинати сите западни санкции. „Овие одредби мора да бидат дел од правно обврзувачки договор за мирно решавање“, изјави Лавров во интервју за унгарскиот весник Маѓар Немзет.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Лавров вели дека Русија сака да ја елиминира „безбедносната закана што ѝ ја претставува проширувањето на НАТО“, а особено можноста Украина да се приклучи кон него. Затоа повикува на „демилитаризација на Украина за да може да остане неутрална“.

Тој исто така вели дека Русија сака „заштита на етничките Руси и руската култура во Украина“. Лавров бара меѓународно правно признавање на руската контрола над Крим, Севастопол, Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Покрај тоа, се бара укинување на сите санкции против Русија, повлекување на сите тужби против неа и враќање на рускиот имот запленет на Запад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ