Русија сè уште инсистира на своите првични барања. Тие вклучуваат територијални отстапки на источните региони на Украина и противење на каква било можност Украина да се приклучи на НАТО или да биде домаќин на западни сили на нејзина територија како дел од безбедносните гаранции.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање кажа дека „сигурните безбедносни гаранции се единствената вистинска основа за мир“. Тој, исто така, предупреди дека Русија би можела да тестира какво било мирно решение со напади или „некаков вид хибридни операции“.
Во меѓувреме, Кремљ објави дека датумот за следната рунда разговори сè уште не е одреден, но инсистира дека тие веројатно ќе се одржат наскоро. Во исто време, Русија продолжува да ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина. Во текот на ноќта, била погодена електроцентрала во јужниот црноморски регион Одеса, и тоа во време кога земјата сè уште се соочува со ниски температури.






