„Што се однесува до нафтената индустрија на Србија, овој договор, кој беше објавен вчера, доколку не беше поволен за руската страна, вклучително и за Газпром, немаше да се случи“, рече Лавров на прес-конференција во врска со резултатите од работата на руската дипломатија во 2025 година, пренесува ТАСС.
Унгарската компанија МОЛ Груп вчера потврди дека ги потпишала главните одредби од обврзувачкиот рамковен договор со руската компанија Газпром њефт за купување на 56,15 проценти од акциите во српската компанија НИС.
МОЛ, исто така, објави дека преговара со националната нафтена компанија на Обединетите Арапски Емирати (АДНОК) за нејзино влегување во сопственичката структура на НИС како малцински акционер, задржувајќи ги мнозинските права на сопственост и управување на МОЛ.






