петок, 6 февруари 2026

Лавров до Макрон: Ако сакате да водите сериозен разговор, јавете се

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги коментираше француските обиди за обновување на дијалогот меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Францускиот претседател Емануел Макрон повторно кажа пред околу две недели дека некако ќе му се јави на Путин“, нагласи Лавров во интервју за државната телевизија РТ.

„Знаете, тоа не е сериозно. Тоа е патетична дипломатија. Ако сакате да се јавите и да водите сериозен разговор, тогаш јавете се. Путин секогаш ќе се јави на телефон. Тој секогаш ќе ги слуша сите предлози, особено сериозните“, кажа Лавров.

Двајца европски дипломати, кои зборувале под услов да останат анонимни, потврдија за Политико дека советникот на Макрон, Емануел Бон, ја посетил Москва во вторникот за да подготви терен за продолжување на директната комуникација меѓу Путин и Макрон.

Според еден од дипломатите, Бон се сретнал со Јуриј Ушаков, близок соработник на Путин, кој е дел од руската делегација во тековните мировни преговори со Украина.

Француските претставници не ја потврдија ниту ја негираа посетата на Бон на Москва. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го направи истото, порачувајќи на редовна прес-конференција дека го прави тоа „од солидарност со француската страна“.

Во вторникот Макрон изјави дека се во тек „технички разговори“ со цел повторно воспоставување дијалог со Кремљ, додека неговиот кабинет објави дека овие разговори се водат транспарентно „и во консултација со претседателот (на Украина Володимир) Зеленски и главните европски партнери“.

Макрон постојано истакнува дека европските земји треба да водат свои директни разговори со Москва.

Руската аналитичарка Татјана Становаја напиша на социјалната мрежа Икс дека реакцијата на Кремљ покажува дека Москва е отворена за иницијативата на Макрон, но дека останува „длабоко скептична кон она што Европа може да го понуди“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ