среда, 14 јануари 2026

Лавров: Америка го растура светот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Соединетите Американски Држави со своите постапки кон Венецуела и Иран го растураат светот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров истакна дека САД го фрагментираат меѓународниот систем преземајќи ја, како што наведе, нелегалната операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и му се закануваат на Иран со напад.

„Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, кажа Лавров за американската операција за апсење на Мадуро. Тој додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, сојузникот на Русија.

Лавров посочи дека САД го оштетуваат сопствениот имиџ со тоа што ги напуштаат принципите кои толку долго ги промовираа. „Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на таков начин“, предупреди Лавров на прес-конференција со својот намибиски колега во Москва.

На прашањето за извештајот на Блумберг дека претставникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров истакна дека Путин постојано повторува дека е отворен за сериозни мировни разговори за Украина.

„Би било корисно Вашингтон да ја информира Москва за најновите мировни предлози за Украина“, истакна Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ