Соопштението следува откако на видеа потврдени од Си-ен-ен се виде ловец како се урива во Кувајт и пилот како се спушта со падобран на земја. Видеото, според анализата на Си-ен-ен, изгледа дека прикажува ловец Ф-15Е.
WATCH: Pilot ejected before fighter jet crash in Kuwait.pic.twitter.com/By9F4LWrnx
— AZ Intel (@AZ_Intel_) March 2, 2026
Има информации и дека авионите се соборени од „пријателски оган“, но тоа не е официјално потврдено.
BREAKING:
Reports of a U.S. F-15 fighter jet having been downed over Kuwait moments ago in a friendly fire incident pic.twitter.com/rWHxiaPbl1
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 2, 2026
Официјално, не се знае што ги предизвикало паѓањата на авионите, од кои секој чини десетици милиони долари. Си-ен-ен побарал коментар од Централната команда на САД (СЕНТКОМ) и од Белата куќа.
„Надлежните органи веднаш започнаа операции за пребарување и спасување“, изјави во соопштението портпаролот на министерството за одбрана на Кувајт, полковникот Саид ал-Атван.
„Екипажите беа евакуирани од местата на падот и префрлени во болница за проценка на нивната состојба и за добивање на неопходната медицинска грижа“, рече тој.
Министерството додаде дека членовите на екипажите се во „стабилна“ состојба.
Ал-Атван изјави дека Кувајт е во „директна координација“ со американските власти.
Едно видео потврдено од Си-ен-ен прикажува ловец како се урива над Кувајт во близина на американска воздушна база. Видеото покажува авион во пламен како спирално паѓа од небото и сугерира дека се урнал на помалку од 10 километри од американската база Али ал Салем во Кувајт.
Падовите на авионите се случуваат во време на силни бомбардирања врз земјите од Заливот како дел од проширената војна со Иран. Воедно, забележан е чад и над подрачјето околу Амбасадата на САД во Кувајт.
Кога американски ловци се уриваат во странство, тоа е значаен настан и обично предизвикува истрага, вели Си-ен-ен.
Во 2024 година, американски брод „по грешка отвори оган“ врз Ф/А-18 што оперирал од УСС Хари С. Труман во Црвено Море. Инцидентот беше истражен, а двајцата морнарички пилоти безбедно се катапултираа.
Американската војска има значителен број воени средства во регионот, распоредени во неделите пред заедничката американско-израелска воена операција што започна во саботата. Список објавен од СЕНТКОМ во неделата, со средствата употребени досега, вклучува Ф-18, Ф-16, Ф-22, Ф-35, јуришни авиони А-10, беспилотни летала ем-кју-9 рипер, авиони за дополнување гориво, системи против дронови, носачи на авиони на морнарицата и разурнувачи со наведувани ракети.
Погодени се повеќе од 1.000 цели, се наведува во соопштението на СЕНТКОМ од неделата, при што војската се фокусира на воени цели како центри за команда и контрола, бродови и подморници на иранската морнарица, штабови на Корпусот на исламската револуционерна гарда и друго.






