Курти е првиот косовски премиер кој е во неофицијална посета на Босна и Херцеговина и се сретна со повеќе политичари од Федерацијата БиХ.
Во говорот за состојбата на регионот на покана на невладиното здружение Круг99 тој оцени дека европскиот пат е единствениот избор за сите земји во регионот, но дека пречка на тој пат е експанзионистичкиот и хегемонистички менталитет на Србија, за која оцени дека е продолжена рака на Србија на Балканот.
„Вложуваме во војските бидејќи сè уште имаме лидери на Балканот кои тежнеат на поделби и територијална експанзија“, кажа косовскиот премиер, кој смета дека идејата на таканаречениот српски свет е всушност проект за голема Србија.
„Косово има абнормални односи со Србија бидејќи Србија не е нормална држава“, кажа Курти.
Доаѓањето на косовскиот премиер во Сараево го осудија политичарите на босанските Срби, а претседателот на Република Српска Милорад Додик особено го налути тоа што Курти бил и во Претседателството на БиХ.
„Тоа за нас е неприфатливо, особено кога се користат институциите на БиХ, тоа е чиста злоупотреба и сосема непримерно“, кажа Додик.
Членот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ порача дека никој нема право да ги дисциплинира лидерите на БиХ и да одредува со кого, каде и кога можат да разговараат.






