Курти поднесе оставка неколку часа пред да положи заклетва како пратеник во косовското Собрание.
Одлуката за оставка ја соопштил со писмо испратено до секретаријатот на косовското Собрание.
Во Собранието во тек е конститутивната седница на деветтиот состав на косовскиот парламент и се очекува наскоро да изберат нов претседател и потпретседатели, по што треба да се формира нова влада.
Курти е на чело на владата од 2021 година, а неговата политика се карактеризира со цврсти ставови кон Србија и реформи во земјата. Неговиот мандат беше обележан и со тензии на северно Косово и сложени односи со меѓународните партнери.