Османи изјави дека Косово „цврсто стои зад САД и американскиот претседател Доналд Трамп, во поддршка на нивните акции против наркотерористичкиот режим во Венецуела“.
Во објава на социјалната мрежа Икс Османи порача дека ваквите акции служат „не само на безбедноста на Америка, туку и на светот“.
Таа изјави дека Трамп „покажал силно лидерство“ во справувањето со „нарко-државата“.
Курти објави на Фејсбук дека „повикувањето на одговорност на државните актери вклучени во трговијата со дрога е од суштинско значење за успех во борбата против оваа закана“.
„Косово, како стратегиски сојузник на САД и НАТО, нуди целосна поддршка во борбата против трговијата со дрога и против потиснувањето на западните демократски вредности, како во нашиот регион, така и пошироко. Уште еднаш ја нагласуваме потребата од зголемено внимание кон одредени регионални актери кои имаат за цел да ја загрозат безбедносната состојба преку хибридни, криминални, терористички и воени дејствија“, порача Курти.






