четврток, 10 јули 2025

Курти го поддржа нападот на САД на Иран

Вршителот на должноста премиер на Косово, Аљбин Курти, денес изјави дека Приштина стои зад Соединетите Американски Држави и Европската Унија во врска со заканата што ја претставува иранската нуклеарна програма.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Косово ја поддржува позицијата на САД и Европската Унија во врска со програмата за нуклеарно оружје на Иран“, напиша Курти на Фејсбук.

Тој додаде дека САД се „главен сојузник, незаменлив партнер и посебен пријател на Косово“.

„Косово е цврсто посветено на одбраната на демократските и евроатлантските вредности. САД се демократска суперсила што треба да се поддржи“, рече Курти.

Реагирајќи на акцијата на САД во Иран, тој оцени дека ширењето на нуклеарното оружје е „сериозна закана за глобалната безбедност“.

„Меѓународната безбедност има потреба од помалку нуклеарно оружје, а не повеќе нуклеарни бомби што го загрозуваат човештвото“, смета премиерот на Косово.

Аљбин Курти изрази особена загриженост за авторитарните држави кои, според него, развиваат програми за оружје за масовно уништување.

„Особено кога (станува збор за) авторитарни држави кои развиваат програми за нуклеарно оружје, прашањето станува итно и алармантно“, напиша Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ