среда, 2 април 2025

Курти е најнова жртва на руските комичари, мислел дека зборува со претседателот на Летонија (ВИДЕО)

Кабинетот на косовскиот премиер призна дека Аљбин Курти минатиот месец наседнал на приказната на познатите руски комичари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На 11 февруари, два дена по парламентарните избори на Косово, Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров (Вован и Лексус) му се јавиле на Курти, претставувајќи се како претседателот на Летонија. Медиумите пренесуваат дека Курти со нив разговарал за Србија, Русија и за други теми.

Кабинетот на премиерот во соопштението наведува дека Курти примил толку многу честитки што „поради временското ограничување не било секогаш можно да се изврши темелна проверка на секој повик“.

Кузњецов и Столјаров се познати по своите комични повици до слави личности. Ѝ се јавиле и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која мислела дека разговара со поранешниот украински претседател Петро порошенко.

На поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер му се претставиле како Володимир Зеленски и го прашувале за саботажата на гасоводот Северен тек. На нивниот хумор наседна и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, пак, го измамиле дури два пати. Првиот пат се претставиле како генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, а вториот пат како францускиот претседател Емануел Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ