Околу 30 борци, мажи и жени, го ставија своето оружје во котел, започнувајќи процес на разоружување кој се очекува да трае цело лето, пренесува Би-би-си.
Турската влада ја поздрави церемонијата како преминување на „критичен праг“ кон постигнување на „Турција без терор“.
WATCH: PKK lays down weapons and burns them in a symbolic ceremony pic.twitter.com/kta1bOUD43
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) July 11, 2025
Околу 40.000 луѓе се убиени од почетокот на конфликтот, а ПКК е наведена како терористичка група во Турција, САД, ЕУ и Велика Британија. Разоружувањето ќе се почувствува, пренесува Би-би-си, не само во Турција туку и во Ирак, Сирија и Иран.
Конвој новинари и политичари, вклучително и членови на турската прокурдска опозициска Демократска партија, беше однесен на популарно туристичко место за да присуствува на церемонијата – пештерата Јасана на 50 километри северозападно од градот Сулејманија во Ирачки Курдистан.
Борците на ПКК, меѓу кои и четворица високи функционери, се наредија за да го стават своето оружје во казанот, каде што беше запалено.
#PKK members burn their weapons, ending their 40-year armed struggle. #disarmament #CHANNEL8 pic.twitter.com/2Qingfrnb5
— Channel 8 English (@Channel8English) July 11, 2025
„Доброволно го уништуваме нашето оружје, пред вас, како чекор на добра волја и решителност“, се вели во соопштението на групата, опишувајќи го како историски, демократски чекор.
На почетокот на оваа недела, долго време затворениот водач на ПКК, Абдула Оџалан, рече дека тоа е „доброволна транзиција од фаза на вооружен конфликт во фаза на демократска политика и права“.
Оџалан се наоѓа во самица на малиот затворски остров Имрали, југозападно од Истанбул, откако беше фатен во 1999 година.
Процесот ќе продолжи во следните месеци на контролните пунктови поставени со учество на турската, ирачката и регионалната влада на Курдистан, изјавија за Би-би-си на турски јазик.