петок, 19 декември 2025

Криминални групи од Балканот го шират влијанието во Африка

Криминални групи од Западен Балкан, кои се меѓу најголемите шверцери на кокаин во Европа, ги консолидираат своите позиции во западна Африка, што е знак за растечкото значење на регионот на шверцерскиот рута од Јужна Америка до Европската Унија, се наведува во еден извештај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зголемената побарувачка за кокаин во Европа, во комбинација со посилно спроведување на законските мерки по директните патишта од Јужна Америка и значителното проширување на морските пристаништа во западна Африка, веќе неколку години ги охрабрува шверцерите да ја интензивираат трговијата преку Сенегал, Сиера Леоне, Гамбија, Гвинеја-Бисао и Зелен ’Рт, пишува Ројтерс.

Сепак, влијанието во тој регион од мрежите на криминалци кои зборуваат албански и словенски јазици досега не е доволно разбрано, според британската агенција.

Истражувачите од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОЦ) во извештај објавен вчера наведуваат дека глобалното значење на овие групи значително пораснало и дека тие се меѓу најголемите криминални мрежи во европската трговија со кокаин.

Овие групи го искористиле сојузништвото во регионот со холандски криминални групи и, особено, бразилската ПЦЦ (Примеиро командо да капитал), за да го зајакнат своето влијание во синџирот на снабдување.

„Тој сојуз, меѓу групите од Западен Балкан и ПЦЦ, веројатно сега е најважниот сојуз за внесување кокаин во Европа“, вели Саша Ѓорѓевиќ, еден од коавторите и виш аналитичар во ГИ-ТОЦ.

Во извештајот, кој делумно е спонзориран од британската влада, се вели дека е потребна поголема соработка меѓу органите за спроведување на законот, пристанишните власти и другите актери меѓу земјите од различни континенти за сузбивање на патиштата на дрога.

Исто така, се повикува на поголемо собирање податоци и попрецизно таргетирање на трговските посредници.

„Овие групи се меѓу најсофистицираните групи на организиран криминал во светот – тие не се споредни играчи“, кажа Лусија Берд Руиз Бенитез де Луго, директорка на Опсерваторијата на ГИ-ТОЦ за нелегални економии во Западна Африка.

„Овие главни глобални играчи се поврзани со насилството во Европа, и како што гледаме сè повеќе и повеќе од овие многу софистицирани, многу насилни мрежи на организиран криминал како се градат во Западна Африка, тоа претставува закана од гледна точка на стабилноста и насилството“, додаде таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ