Западните земји се обидуваат да ја исклучат Русија од глобалната трговија и да ѝ го блокираат финансирањето со воведување на повеќе од 30.000 санкции поради војната во Украина.
Тие се обидоа да ги блокираат и танкерите за нафта за кои се сомневаше дека содржат руски пратки нафта.
Во јануари САД запленија танкер за нафта под руско знаме како дел од напорите за ограничување на извозот на венецуелска нафта.
Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша ваквите дејствија како пиратство.
„Ако не им пружиме силен отпор наскоро Британците, Французите, па дури и балтичките земји ќе станат толку арогантни што ќе се обидат да го блокираат пристапот на нашата земја до морињата, барем оние во Атлантскиот басен“, изјави Патрушев, советник на Путин и претседател на Рускиот поморски одбор, за рускиот медиум Аргументи и факти.
„Веруваме дека, како и секогаш, најдобрата гаранција за безбедноста на пловидбата е морнарицата. Во главните поморски области, вклучувајќи ги и регионите далеку од Русија, мора трајно да бидат распоредени значајни сили, сили способни да ги смират страстите на западните пирати“, кажа Патрушев.






