петок, 13 јуни 2025

Кремљ за изјавата на Макрон: Ширењето нуклеарно оружје нема да донесе безбедност

Кремљ денеска ги критикуваше коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон дека Париз е отворен за распоредување борбени авиони со нуклеарно оружје во други европски земји, велејќи дека тоа нема да ја зголеми безбедноста на континентот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Американците имаат бомби во авиони во Белгија, Германија, Италија, Турција“, изјави Макрон во вторникот за француската телевизија ТФ1. „Спремни сме да ја отвориме таа дискусија. Многу конкретно ќе ја дефинирам рамката во наредните недели и месеци“, додаде тој.

Запрашан за изјавите на Макрон, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека „ширењето на нуклеарното оружје на европскиот континент не е нешто што ќе донесе безбедност, предвидливост и стабилност“.

„Во моментов целиот систем на стратегиска стабилност и безбедност е во очајна состојба од очигледни причини“, рече Песков.

Макрон првпат во март ја спомна идејата за проширување на францускиот одбранбен нуклеарен арсенал во други европски земји. Во тоа време Кремљ рече дека тоа е француско полагање право на „нуклеарното лидерство во Европа“, кое го нарече „мошне, мошне конфронтирачко“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ