понеделник, 29 декември 2025

Кремљ: Трамп шокиран од украинскиот напад врз резиденцијата на Путин

Украинската војска истрела бараж од 91 камиказа-дрон врз државната резиденција на рускиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп бил „шокиран“ од украинскиот напад врз државната резиденција на претседателот Владимир Путин, наведувајќи дека не можел да предвиди такви „луди постапки“, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Советникот на рускиот претседател ги даде овие изјави за руските медиуми по телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп во понеделникот. Непосредно пред разговорот да стане јавен, Москва соопшти дека украинската војска ја гаѓала државната резиденција на Путин во Новгородската област со повеќе од 90 камиказа-дронови.

„Руската страна јасно стави до знаење дека ваквите непромислени дејства сигурно нема да останат без одговор“, изјави Ушаков. „Американскиот претседател, според Путин, бил шокиран од оваа вест и изразил згрозеност, наведувајќи дека не можел ни да замисли такви луди постапки од страна на Киев“, додаде тој.

Рускиот лидер повторно ја потврдил спремноста на Москва да соработува со Вашингтон во потрагата по „траен мир“ во Украина. Во исто време, нападот врз резиденцијата на Путин и „државниот тероризам“ на Киев не можат да останат без одговор, а Москва ќе ја промени својата позиција по повеќе прашања, изјави Ушаков.

„Со оглед на сегашната ситуација, позицијата на Русија по низа претходно постигнати договори и отворени решенија ќе биде преиспитана. Ова беше кажано многу јасно, а Американците треба да го примат тоа со соодветно разбирање“, нагласи тој.

Украинскиот лидер Володимир Зеленски, сепак, остро го негираше нападот врз државната резиденција на Путин. Според него, Москва само бара изговор за да го загрози напредокот постигнат меѓу САД и Украина и да го нападне владиниот кварт во Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ