Трамп постојано изразува разочарување од континуираните напади на Москва врз украински цели и покрај неговите напори да се најде решение. Во четвртокот, на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер, тој рече дека Путин „го разочарал“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руската државна новинска агенција РИА, изјави дека реакцијата на Трамп е разбирлива, пренесува Хина.
„Претпоставуваме дека Соединетите Американски Држави, како и претседателот Трамп лично, ја задржале политичката волја и намера да вложат напори за олеснување на решението во Украина“, изјави Пескова, цитиран од РИА.
„Значи, секако дека претседателот Трамп е, да го кажеме така, прилично емотивен во врска со оваа тема. Тоа е сосема разбирливо.“
Путин и други руски функционери постојано ги фалат напорите на Трамп за наоѓање решение за украинското прашање и организирање состаноци на високо ниво.






