„Нема потреба“ да се брза со закажување состанок во овој момент. „Сега е потребна многу внимателна работа на деталите од договорот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска, според државната новинска агенција ТАСС.
По телефонскиот разговор со Путин на 16 октомври, Трамп изјави дека се надева оти двајцата лидери ќе се сретнат во унгарскиот главен град Будимпешта во рок од две недели за да се стави крај на војната во Украина.
Сепак, подоцнежните контакти меѓу Вашингтон и Москва се чини дека ги уверија американските претставници дека Русија не е подготвена да ги омекне своите максималистички барања кон Украина.
Трамп потоа одлучи да ја одложи средбата на неодредено време, велејќи дека тоа ќе биде „залудна средба“. Потоа, на 22 октомври, прв пат воведе строги санкции врз две руски нафтени компании.
Песков го повтори ставот на Москва и ги отфрли повиците од САД, Европа и Украина за прекин на огнот пред почетокот на преговорите. Кремљ бара политички договор пред да завршат борбите.






