„Сега ќе ги земеме предвид информациите што ги доби нашиот шеф на државата, Владимир Путин, за да ги формулираме нашите понатамошни ставови и да ги продолжиме контактите преку расположливите канали што е можно побргу“, им изјави Песков на новинарите, пренесе руската агенција ТАСС.
Преговорите за решавање на конфликтот во Украина беа одржани во Мајами на 20 и 21 декември.
Во делегацијата на САД беа специјалниот претседателски пратеник Стив Виткоф, зетот на претседателот, Џаред Кушнер, и членот на персоналот на Белата куќа Џош Граенбаум.






