понеделник, 9 март 2026

Кремљ: Путин во телефонски разговор со Трамп даде предлози за брзо завршување на војната со Иран

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изнел предлози за брзо решавање на конфликтот околу Иран, изјави помошникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ушаков, давајќи им извештај за разговорот на новинарите, рече дека двајцата лидери разговарале и за конфликтот во Украина и забележа дека руските придобивки треба да ги поттикнат преговарачите на Киев да се придвижат кон решение.

Тој ја опиша целата дискусија како „многу суштинска“ и рече дека таа „веројатно ќе има практично значење за понатамошната работа меѓу двете земји“.

Ушаков рече дека Путин „изрази неколку размислувања насочени кон брз политички и дипломатски крај на иранскиот конфликт, вклучувајќи контакти што се одржани со лидерите на земјите од Заливот, со претседателот на Иран и со лидерите на други земји“.

Тој рече дека Трамп „ја понуди својата проценка на развојот на настаните во американско-израелската операција. Да кажам дека се одржа многу суштинска и, без сомнение, корисна размена на идеи“.

Ушаков рече дека Трамп сметал дека е во интерес на САД да се види „брз крај на конфликтот во Украина со прекин на огнот и долгорочно решение“.

Случувањата во Украина, рече тој, се карактеризирани со „руските трупи, кои напредуваат доста успешно. Ова, како што беше забележано, е фактор што треба да го поттикне режимот во Киев конечно да тргне по патот на преговарање за решение на конфликтот“.

Ушаков исто така рече дека двајцата претседатели разговарале и за ситуацијата во Венецуела во контекст на глобалните нафтени пазари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ