понеделник, 22 декември 2025

Кремљ: Путин не сака да ја освои цела Украина и да го обнови Советскиот Сојуз

Кремљ објави дека американските разузнавачки служби грешат ако веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја окупира цела Украина и деловите од Европа кои некогаш беа дел од поранешниот Советски Сојуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс минатата недела објави, повикувајќи се на шест неименувани извори, дека извештаите на американските разузнавачки служби продолжуваат да предупредуваат дека Путин не се откажал од својата цел да ја освои цела Украина и да ги заземе деловите од Европа кои некогаш беа во поранешниот советски блок.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им рече на новинарите дека Москва не знае колку се веродостојни изворите кои ги цитира Ројтерс. Ако тој извештај е точен, тогаш заклучоците на американските разузнавачки служби се погрешни, додаде тој. „Тоа апсолутно не е вистина“, кажа Песков за заклучоците на разузнавачките служби.

Путин испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година, а руските сили сега контролираат околу една петтина од земјата. Некои европски и украински лидери го обвинија Путин дека има амбиции надвор од Украина.

Рускиот претседател никогаш јавно не изјавил дека сака да ја освои цела Украина, но постојано повторува дека руските сили ќе окупираат уште повеќе делови од Украина ако Киев не се согласи да ги отстапи преостанатите делови од регионот Донбас во источна Украина, кои сè уште се под контрола на украинските сили.

Москва го смета проширувањето на НАТО кон исток, кое сега ги вклучува земјите од Источна Европа кои беа дел од советскиот блок по Втората светска војна, како закана за Русија.

Путин кажа дека не сака да го обнови Советскиот Сојуз или да нападне членка на НАТО. Овој месец тој рече дека Русија не сака војна со Европа, но дека ако Европа започне војна, Русија е подготвена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ