недела, 14 декември 2025

Кремљ: Путин не кова заговор против САД со Си и Ким

Рускиот претседател Владимир Путин не кова заговор со кинескиот претседател Си Џинпинг и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун против САД, соопшти Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека е „многу разочаран“ од Путин и во објава на своите социјални мрежи сугерираше дека Си, Путин и Ким заговараат против САД.

Кога беше прашан од руската државна телевизија за коментарите на Трамп, рускиот претседателски помошник за надворешна политика Јуриј Ушаков рече дека Трамп можеби бил ироничен.

„Би сакал да кажам дека никој не заговарал, никој не планирал ништо. Ниту еден од овие тројца лидери немал таква идеја“, рече тој.

„Можам да кажам дека сите ја разбираат улогата што САД, сегашната администрација на претседателот Трамп и претседателот Трамп лично ја играат во сегашната меѓународна ситуација“, додаде тој, според Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ