петок, 13 јуни 2025

Кремљ: Путин и Трамп треба да се сретнат

Кремљ денес порача дека состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп е клучен, но дека за тоа се потребни значителни подготовки и дека мора да даде резултати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го кажа тоа откако Трамп изјави дека ќе се сретне со Путин „што е можно тоа да се договори“.

„Таков состанок секако е потребен. Потребен е првично од аспект на билатералните руско-американски односи и од аспект на сериозен разговор на највисоко ниво за меѓународните работи и регионалните проблеми, вклучувајќи ја, нормално, и кризата околу Украина“, кажа Песков.

Руски и украински преговарачи се сретнаа денес во Истанбул на првите директни мировни преговори по повеќе од три години, во обид да го окончаат најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна.

Коментирајќи ги преговорите во Истанбул, Песков кажа дека рускиот преговарачки тим е во постојана комуникација со Москва и дека претседателот Путин добива ажурирани информации во реално време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ