сабота, 12 јули 2025

Кремљ: Понудата на Русија на Израел и Иран и понатаму е на маса

Кремљ соопшти дека гледа дека Израел не сака посредување во својата војна против Иран, која трае веќе петти ден, во ситуација која Москва ја нарече „галопирачка ескалација“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел го почна конфликтот со ненајавен напад минатата недела во кој беа убиени речиси сите главни воени команданти на Иран, неговите преговарачи како и водечките нуклеарни научници. Иран одговори со низа разорни напади на израелските градови.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека двете страни ги повикал на „максимална воздржаност“.

„Ситуацијата продолжува забрзано да ескалира. Нивото на непредвидливост е апсолутно“, кажа тој.

Песков истакна дека понудата на Русија да биде посредник меѓу завојуваните страни и понатаму е на маса ако е потребна, но дека Москва сфатила дека Израел засега не е заинтересиран за барање мирно решение.

Русија во јануари со Иран потпиша договор за стратегиско партнерство, но тој не вклучува одредба за заемна одбрана. Москва има долготрајни односи со Израел, но тие се влошени со конфликтот во Украина и израелското бомбардирање цивили во Газа.

Песков кажа дека руската амбасада во Техеран е во контакт со руските државјани и дека имаат прилика за евакуација преку соседен Азербејџан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ