„Руската делегација во четврток ќе биде во Истанбул и ќе ги чека украинските претставници“, кажа Песков.
Портпаролот на Кремљ не ја коментираше изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за желбата да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски претходно денес кажа дека декретот за забрана за преговори со Русија не се однесува на него лично. Тој потврди дека на 15 мај има планирана средба со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган во Анкара, но дека смета дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Анкара или Истанбул.
„Тоа се мои права и обврски. Не сум си забранил ништо себеси“, кажа тој.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп Кит Келог кажа дека Соединетите Американски Држави се надеваат дека Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул, и дека во тој случај ќе присуствува и Трамп.