понеделник, 9 март 2026

Кремљ: Меѓународното право повеќе не постои поради американско-израелскиот напад врз Иран

Русија сега мора да се насочи кон сопствените интереси и кон зајакнување на своите способности, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи ги случувањата на Блискиот Исток, Песков рече: „Се разбира, не можеме да кажеме дека нешто вакво никогаш не се случило во човечката историја. Но ние не сме живееле тогаш, па затоа секогаш ни се чини дека она што се случува сега е крај на светот.“

„Сепак, во регионот се случува сериозна дестабилизација. Постои кумулативен ефект од огромен број регионални конфликти и нерешени проблеми, што неизбежно носи економски и политички последици“, рече тој.

„За жал, сите го изгубивме она што го нарекуваме меѓународно право. Искрено, веќе не ни разбирам како некого да повикам да ги почитува нормите и принципите на меѓународното право. Тоа повеќе не постои. Де јуре постои, но де факто повеќе не“, рече Песков и додаде: „Кое право го замени меѓународното право? Во овој момент тешко дека некој може да каже.“

На крај Песков се повика на ставот на рускиот претседател Владимир Путин: „Затоа Путин е во право – соочени со совршената бура што сега започна, мора да се насочиме кон себе, кон своите интереси и кон своите потенцијали. Таму каде што сме слаби, мора да се зајакнеме. Треба јасно да размислуваме и да останеме фокусирани“, алудирајќи дека глобалниот поредок се распаѓа и дека Русија мора да се подготви за свет на сила, а не на правила.

Русија самата грубо го прекрши меѓународното право со окупацијата на украински Крим, со почнувањето агресија во украинскиот регион Донбас во 2014 година и со инвазијата во Украина од 2022 година. Сепак, Москва тоа не го признава како прекршување на меѓународното право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ