Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека нацрт-мировните договори за кои САД и Украина дискутираа во Женева би можеле да станат основа за иднот договор за прекин на конфликтот, но дека Русија ќе продолжи да се бори ако тоа не е случај.
„Да, овие детали ни се доставени и ќе бидат разгледани во Москва следната недела“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Се очекува Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, да се сретне со Путин во Москва следната недела на разговори за идеи за мировно решение.
На прашањето кога точно би се одржале тие разговори, Песков рече дека Кремљ ќе ги информира новинарите.






