недела, 7 декември 2025

Кремљ го поздрави американското отстранување на Русија како директна закана во својата безбедносна стратегија

Кремљ го поздрави потегот на владата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави портпаролот Дмитриј Песков, пренесува ТАСС денес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го сметаме тоа за позитивен чекор“, кажа Песков.

Пораките за руско-американските односикои ги испрати администрацијата на претседателот Доналд Трамп се разликуваат од пристапот на претходните администрации, изјави портпаролот на Кремљ.

Кремљ подетално ќе ја разгледа ажурираната стратегија за национална безбедност на Соединетите Американски Држави за да ги анализира нејзините одредби, рече Песков.

„Секако треба да се разгледа и анализира подетално“, кажа тој.

Ова беше неговиот коментар за изменетиот клучен американски документ за национална безбедност, во кој Русија не се споменува како „директна закана“ и кој содржи покана за соработка со Москва во областа на стратегиската стабилност, пренесува ТАСС.

Американските стратегии по руската анексија на Крим во 2014 година и инвазијата на Украина во 2022 година ја означија Москва како главна закана, но ажурираниот документ, објавен во петокот, има помек тон и поттикнува на соработка со Русија, иако ограничена.

Новата стратегија од 29 страници ја изложи визијата на Трамп за надворешна политика како визија на „флексибилен реализам“ и наведе дека американската политика ќе биде водена пред сè од „она што функционира за Америка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ