„Ги поздравуваме изјавите дадени од бројни европски лидери во последните денови, поточно од Париз, Рим, па дури и од Берлин, колку и да звучи необично, кои ја поддржуваат идејата дека ако се посакува стабилност во Европа, потребно е да се разговара со Русите. Ова е целосно во согласност со нашиот став“, истакна тој.
„Ако навистина ја одразува стратегиската визија на Европејците, тогаш тоа е позитивен развој на нивните ставови“, кажа Песков.
Тој истакна дека не толку одамна, европските престолнини даваа изјави со кои целосно се исклучуваше секоја можност за дијалог со Русија, зборувајќи само за потребата да се победи во војната. „Какви утописки изјави. Ќе видиме како ќе се развиваат настаните сега“, кажа тој.
Песков кажа дека таков дијалог веќе е воспоставен со Соединетите Американски Држави. „Многу ги цениме напорите на Американците во овој поглед“, додаде тој.
Во последните денови францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони ја нагласија можноста за враќање на разговорите со Москва, а се придружи и германскиот канцелар Фридрих Мерц, велејќи дека избалансираниот однос со Русија е клучен за иднината на ЕУ.






