вторник, 16 декември 2025

Кремљ: Ги паузираме мировните разговори со Киев

Русија останува посветена на дипломатско решавање на украинскиот конфликт, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Директните преговори меѓу Русија и Украина остануваат можни, но во моментов се суспендирани, изјави денрска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Три рунди преговори се одржаа оваа година во Истанбул, Турција, од кои последната беше спроведена во јули. На прашањето за потенцијална нова средба во живо или можна онлајн комуникација, Песков рече: „Нашите преговарачи имаат можност да ги користат тие канали. Но во овој момент контактите може да се опишат како паузирани“.

Зборувајќи на прес-конференција, Песков ги повика луѓето да не „носат розови очила“, велејќи дека мировниот процес е комплицирано прашање што не може да произведе „молскавични резултати“.

„Руската страна ја задржува својата посветеност на мирен дијалог и мирно решавање“, додаде тој.

Песков, исто така, се согласи со забелешките на белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој претходно оваа недела ги обвини лидерите на ЕУ и украинскиот претседател Владимир Зеленски за застој на мировниот процес. Лукашенко тоа го кажа за време на состанокот со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Коул, во Минск, пофалувајќи ги напорите за медијација на Вашингтон. Според Песков, „Европејците навистина стојат на патот, и тоа не е тајна“.

Руските претставници изјавија дека Зеленски одбива да ги направи потребните компромиси затоа што се стреми да остане на власт и покрај тоа што „украинските сили претрпуваат неуспеси на бојното поле“. Европските членки на НАТО, според Москва, го одобруваат однесувањето на Зеленски и активно лобираат кај САД да ја поддржат Украина, бидејќи во спротивно би биле принудени да признаат дека нивниот пристап кон конфликтот е погрешен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ