Хили за Би-би-си изјави дека се преземаат конкретни чекори за одземање на последната позиција на Ендру како вицеадмирал во британската морнарица и дека Чарлс „посочил дека тоа е негова желба“.
Минатата недела, кралот му ја одзеде титулата принц на својот помлад брат и го исфрли од резиденцијата, обидувајќи се да спречи понатамошна штета на угледот на кралското семејство поради врските на Ендрју со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн.
„Ова е правилниот потег, што кралот посочи дека треба да се преземе, и ние работиме на тоа во моментов“, рече Хили.
Ендру го задржа чинот вицеадмирал во 2022 година, кога се откажа од сите други свои воени функции.






