недела, 28 декември 2025

Кралот Чарлс го покани Трамп на втора државна посета во Британија

Британскиот премиер Кир Стармер денеска е во посета на Белата куќа за да се обиде да го убеди претседателот Доналд Трамп дека мирот во Украина ќе опстои само ако Киев и европските лидери се присутни на масата додека напредуваат преговорите со Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кир Стармер му предаде на Доналд Трамп писмо од кралот Чарлс – тоа е покана за втора државна посета, која тој ја нарекува „без преседан“.

Трамп рече дека со задоволство ја прифаќа поканата.

Американскиот претседател средбата со Кир Стармер во Овалната соба ја почна со кратко обраќање, во кое рече дека Велика Британија е „посебно место“, а Кир Стармер „специјален човек“.

Тој додаде дека ќе отпатува за Британија и очекува повторно да се види со премиерот „во блиска иднина“.

Трамп рече дека тој и Стармер ќе разговараат за многу работи, вклучувајќи ги Русија и Украина, како и за трговијата.

Еден американски функционер рече дека Трамп е „многу задоволен“ од најавата на Стармер оваа недела дека Обединетото Кралство ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП до 2027 година, од 2,3 отсто, пренесе Би-би-си.

В петок во Белата куќа пристигнува претседателот на Украина Володимир Зеленски – Трамп рече дека ќе потпишат „многу голем договор“ за минералите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ