среда, 2 април 2025

Крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

Стејт департментот официјално го извести Конгресот на Соединетите Американски Држави дека ја распушта Агенцијата за меѓународен развој УСАИД и дека некои функции на агенцијата ги презема под своја контрола, јавува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Реорганизацијата на УСАИД ќе биде завршена до 1 јули, објави Стејт департментот, со што ја одреди судбината на агенцијата која се бореше против сиромаштијата и гладот низ светот.

Американскиот државен секретар Марко Рубио истакна дека правилната помош за странство може да ги унапреди националните интереси на САД, да ги заштити границите и да ги зајакне партнерствата со клучните сојузници, но дека УСАИД „за жал одамна се оддалечи од својата изворна мисија“, објавено е на сајтот на Стејт департментот.

„Како резултат на тоа добивките беа премали, а трошоците превисоки. Благодарение на претседателот (на САД Доналд) Трамп, тој погрешен и фискално неодговорен период сега е готов“, истакна Рубио.

Тој најави дека програмите за помош на странските држави ќе бидат пренасочени за директно да се усогласат со она што е најдобро за САД и нивните граѓани.

Администрацијата на Трамп ја обвини УСАИД за лошо управување со парите на даночните обврзници и финансирање странски програми кои не се во интерес на САД.

Сегашни и поранешни вработени на УСАИД, пак, тврдат дека агенцијата ја негувала „американската мека моќ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ